Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 04.11.2025 (вторник):
Поради промена на шибер во шахта на ул.„Тасино Чешмиче“ бб (Градинка Кочо Рацин), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.„Тасино Чешмиче“ од 09:00 часот до завршување (општина Центар).
Поради уличен дефект ф 200 мм на Бул.„Партизански Одреди“ спроти Соборен Храм (Паркинг ЈАТ), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од ул.„Максим Горки“ до Бул.„Партизански Одреди“ и дел од Бул.„Партизански Одреди“ од 09:00 часот до завршување во општина Центар.