Скопје ЕВН

Без струја Катастар, Градежен Институт, село Бардовци, дел од Кисела Вода и Аеродром

Без струја денеска ќе останат дел од општините Аеродром, Кисела Вода и Карпош, информираа.

Без струја Катастар, Градежен Институт, село Бардовци, дел од Кисела Вода и Аеродром

Од ЕВН информира дека во периодот од 08.00 до 15.00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Благоја Мучето“, „Ернест Телман“ и „Гаврил Константиновиќ“ во општина Аеродром.

Во периодот од 09.00 до 11.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Бардовци.

Прекин на електрично напојување денеска ќе има и на улицата „Христо Татарчев“ – подулица бр. 22, во општина Кисела Вода, од 09.00 до 14.00 часот.

Во периодот од 11.30 до 13.00 часот, пак, без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Дрезденска“, како и објектите на Катастар, Градежен институт на Македонија и Јеховини Сведоци во општина Карпош. (МИА)

To top