Скопје јсп скопје

Автобусите утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Автобусите утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП Скопје известува дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), на ден 28.08.2025 година (четврток), ќе се работи по неделен возен ред.

Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.

На ден 28.08.2025 година (четврток), дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
– Транспортен центар; и
– Зелен пазар.

Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Најнови вести од Скопје

To top