Скопје

Арсовска го разреши Глигоров, Наталија Митовска (Инфомакс) е нов секретар на Град Скопје

Арсовска го разреши Глигоров, Наталија Митовска (Инфомакс) е нов секретар на Град Скопје

Секретарот на град Скопје, Зоран Глигоров денеска е разрешен од позицијата.

За нов секретар на град Скопје ќе биде назначена Наталија Митовска. Митовска била носител на високи раководни функции во Владата на Р.Македонија, информираат од Град Скопје.

Од 1998 година работи како советник на потпретседателот на Владата, а од 2000 до 2002 била помошник министер за внатрешни работи задолжен за меѓународна соработка и европски интеграции.

Митовска била и советник на генералниот директор на ЕЛЕМ од 2015-2019 година во период кога претпријатието ги бележеше најдобрите економски и оперативни резултати, има искуство во приватниот сектор со високи извршни позиции, како и работа како асистент професор по политички науки.

-На позицијата секретар на градот Скопје доаѓа како професионалец кој може значително да придонесе кон работата на градската администрација и реализација на проектите од програмата За модерно Скопје, се наведува во соопштението.

To top