Македонија венко уживка, пубертетлиите се борат со ветерници во „корупцискиот тим“ на сдс

СДС самозаглавени во лажни вести, ги боли, пече и жега вистината за „летечкиот“ лидер Филипче

СДС самозаглавени во лажни вести, ги боли, пече и жега вистината за „летечкиот“ лидер Филипче

Познато е дека патолошките лажговци само се задоплеткуваат во сопствените лаги, затоа што не можат да излезат од својот „маѓепсан круг“ на кажани невистини кои како жива кал ги влечат надолу и надолу. И надолу… Во превод, една лага води кон друга, таа кон трета, па – оп, четврта. И така, до недоглед. Истото се случува со партијата чии пиарџии се замозаглавија во сопствената патолошка тиња, та од една скокаат во друга стапица со лаги. И така е секој ден во мочуриштето на Бихаќка, од каде „како змија нозе“ кријат каде им летна лидерот. Молчат и не кажуваат пустите. Веројатно од срам. Ако, воопшто, го имаат…

Денеска за да го „исперат“ својот летечки лидер Венко, измислија дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го користел владиниот авион за приватни потреби?! Веројатно, така смислиле Јон и Чупеска, по две -три линии. Не автобуски. „Синoкрвните“ (така милуваат да си „тепаат“ еден на друг, од милост) не се качиле во автобус во животот, тоа е за обични смртници и раја, за „немиените“. Но, еве, што толку промуќурно смислија и стокмија инфантилните ќелепури од СДС во одбрана на „лидерот“ Венко кој ги остави во први борбени редови пубертетлиите од „Антикорупцискиот тим“ (читајте КОРУПЦИСКИ) да се борат со ветерниците, а тој му ја шмугна на некое топло море за Нова Година. Веројатно Дубаи, иако, велат дека фатен на дело, сменил и дестинација поради резилот кој пукна и го наваса кога го фатија „жив“ со куферчињата во Венеција. Нејсе. „Летечки лидер“ од „Летечкиот циркус на Венко Пајтон“. Ова, тој како намерно да го направил за да ја збогати партиската бурлеска.

Како и да е, нвата пи-ар брилијантна СДС прикаска вели:

„Тој не е во можност, како Мицкоски и неговиот криминален клан, да го користи авионот на Владата за приватни потреби, ниту пак нарачува приватни авиони како нив“, истресоа, верувале или не, од СДС во паника што нивниот шеф е фатен, народски кажано,  со „смкнати гаќи“ на аеродром во Венеција, во исто време кога, барем според нив, Македонија е во фашистички режим, пропаѓа и „пука по шавови“. Урнебесна, инфантилна СДС патетика. Како што им „сече“, следно, каде и да е,  ќе напишат дека со армиските хеликоптери му носеле бурек, а со тенковите се тркале по маало со комшиите, со препреки…

Сигурно се прашувате, до кога ќе трае оваа индолентна политичка пародија на некогаш „државотворната“ партија која од кога Венко е лидер со „првите пушки“ Јон, Чупеска и Фани стана „лажотворна“ партија?

Се’ додека Чом не им го изгаси светлото на Бихаќка, велат на шега упатените, кои посочуваат дека тоа ќе се случи многу бргу. Фракциите во СДС се на позиција на готовс и во низок старт. А тереност спремен за промени, поспремен здравје.

Главното прашање е, ќе се врати ли Венко во Македонија или, сепак, знае нешто па ќе си остане со Заев во јабана?

Има ли тоа некаква врска со криминалот правен низ Македонија во текот на 2017-2024-та?

Ќе престанат ли, аман, СДС пиарџиите да го користат иљачот на Јон?

Дали паничните, урнебесни соопштенија и луцидни пресови се резултат на она што наскоро следува?

Почетокот на 2026-та ќе биде многу забавен, ветуваат истражните органи.

Набавете многу пуканки и гледајте. Сеирот ќе биде голем. Ќе ви стане јасно и зошто толку се пенавеа, лажеа за црвени линии, исмислуваа мигарнти, па фиктивни татаци врз слобода на говор. Се само да ги има по медиумите. Недостигаше уште да снимат некој филм за возрасни. По онаа шалабајзерска логика, дека  „не постои лоша реклама“….

Велат, набргу многумина криминалци од „некаде“ ќе глумеле политички затвореници со наратив од Среќна Нова ’49-та, од „никому-никаде“…

Среќна НОВА 2026-та. Само убавини. И ПРАВДА…

To top