Спасувачките тимови евакуираа 711 лица, меѓу кои 210 деца, од градот со 230.000 жители, кој се наоѓа во близина на руската граница со Казахстан.
Во моментов во Орск се поплавени повеќе од 2.400 станбени згради и 3.065 дворови. Во центрите за привремено сместување има 257 лица, од кои 76 се деца.
Според оперативните служби во градот, пронајдени се телата на три лица, се утврдува причината за нивната смрт, но познато е дека еден од нив претходно одбил да се евакуира.