Република Општина Штип

Заврши реконструкцијата на штипската улица „Првомајска“

Се пристапи кон промена на водоводната мрежа, санација на дел од фекалната канализација, а денеска се пристапи и кон асфалтирање на истата.Рехабилитацијата на улицата „Првомајска“ е со вкупна површина од 2100 метри квадратни, за што општината издвои 2,1 милион денари. Претходно се работеше и на промена на водоводната линија со должина од 450 метри, велат од Општина Штип.

Заврши реконструкцијата на штипската улица „Првомајска“

Заврши реконструкцијата на улицата „Првомајска“ во Штип, информираат во писмено соопштение од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Во него се наведува дека станува збор за тешко пристапна улица на која се работеше изминатиот месец.

-Се пристапи кон промена на водоводната мрежа, санација на дел од фекалната канализација, а денеска се пристапи и кон асфалтирање на истата.Рехабилитацијата на улицата „Првомајска“ е со вкупна површина од 2100 метри квадратни, за што општината издвои 2,1 милион денари. Претходно се работеше и на промена на водоводната линија со должина од 450 метри, велат од Општина Штип.

На оваа улица која се наоѓа позади средното училиште „Славчо Стојменски“ во Штип ништо не се променило повеќе од 30 години, а жителите самите претходно ги решавале своите проблеми. Во меѓувреме, освен на улицата „Првомајска“ се работи на повеќе локации во неколку населени места во Штип, на патната инфраструктура, реконструкција на улици, уредување на тротоарски пвршини и влезови пред станбени згради.

To top