Република Подготвеност, транспарентност и визија

Визија за подобра Битола преку владина поддршка: Градоначалникот Коњановски потпиша повеќе од 30 проектни апликации

Со овие апликации, Општина Битола има за цел да обезбеди финансиска помош за реализација на приоритетни проекти кои се од значење за граѓаните и локалниот развој.

Визија за подобра Битола преку владина поддршка: Градоначалникот Коњановски потпиша повеќе од 30 проектни апликации

Со повеќе од 30 проектни апликации, општина Битола учествува на вториот повик од Владата за поддршка на општините.

-Денес ги потпишав повеќе од 30 проектни апликации кои ќе бидат аплицирани на вториот повик од Владата за поддршка на општините, информира градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Со овие апликации, Општина Битола има за цел да обезбеди финансиска помош за реализација на приоритетни проекти кои се од значење за граѓаните и локалниот развој.

-Со поднесувањето на овие апликации покажуваме подготвеност, транспарентност и визија за подобра Битола. Ќе продолжиме со интензивна работа на сите нивоа за да обезбедиме што повеќе средства и инвестиции во нашата општина, изјави Коњановски.

Проектите се од различни области – инфраструктура, енергетска ефикасност, образование, животна средина и култура – и се дел од стратешкиот план на општината за унапредување на квалитетот на животот во Битола.

 

To top