Со континуирана интензивирана работа на терен, наскоро булеварскиот влез од страната на Прилеп, ќе го одбие потребниот заокружен изглед, објави градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски.
„Изградбата на терен се одвива со интензивно темпо, со дневни и ноќни активности (асфалтирање, поставување инсталации, уредување тротоари, атмосферска канализација).
Распоредот на движење на возилата е поставен така, да се минимизираат застои во сообраќајот и истовремено да се обезбеди квалитетна изведба“, потенцира во објавата.
Битола заслужува современ и европски влез во градот, а битолчани со право очекуваат нивниот град да има достоинствен влез што ја рефлектира историјата и современоста на Битола, додаде Коњановски.