Република Од Општина Струмица го осудуваат овој вандалски чин

Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во Струмица

Споменикот на Гоце Делчев, поставен на истоимениот плоштад во Струмица, е вандализиран од засега непознати лица и со авто лак врз него се испишани пораки.

Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во Струмица

Фотографијата од осквернатиот споменик се шири по социјалните мрежи, а се случува на два дена пред одбележувањето на 152 години од раѓање на Гоце Делчев, 4 февруари.

Од Општина Струмица го осудуваат овој вандалски и дрзок чин и бараат од надлежните да ги откријат сторителите. Додаваат дека споменикот ќе биде исчистен и апелираат до граѓаните да не го уништуваат заедничкото добро.

Споменикот на Гоце Делчев во Струмица е најголем во државата и е дело на скулпторот Бранко Конески. Висок е 5,20 метри и е подигнат е во 1976 година, а одлуката за неговото подигнување е донесена во 1972 година, по повод 100 години од раѓањето.

To top