Првото новородено бебе на Одделот за гинекологија и акушерство во ЈЗУ Општа болница-Куманово, во Новата 2026 година е машко бебе.
Бебето е родено денеска, на 2 јануари, во 05:40 часот и е второ дете во семејството на Егзона Реџепи.
-Во мое лично име и во име на Општина Куманово, на среќната мајка ѝ упатив искрени честитки за добро здравје, радост и благосостојба, и ѝ врачувавме пригодни подароци. Посетата беше реализирана во присуство на претставник од општинската администрација и директорот на болницата, Сашо Стошевски, информира градоначалникот Максим Димитриевски.