Република Две лица се повредени

ПОЖАР ВО ОХРИДСКО: Едно лице загина

Причините за пожарот се уште не се познати.

ПОЖАР ВО ОХРИДСКО: Едно лице загина

Едно лице го загуби животот, а две се повредени во пожар што утрово избувна во куќа во охридското село Требеништа.

Командирот на Територијалната противпожарна единица Охрид, Борко Јанкулоски, за МИА изјави дека утрово во 8:25 часот било пријавено во Противпожарната единица за пожар во станбен објект во Требеништа, при што на лице место биле испратени петмина пожарникари со две интервентни возила.

Објектот при пристигнувањето на противпожарните екипи веќе бил целосно зафатен со пламен, при што од него биле извлечени две лица со полесни изгореници, додека во куќата имало и тело на изгорено лице.

Причините за пожарот се уште не се познати, тоа ќе го покаже увидот и истрагата што е во тек.

Теми на денот

To top