Почна реконструкција на дел од малиот градски плоштад во Куманово, соопштија денеска надлежните.
-Во тек е реконструкција на дел од малиот плоштад кај НУЦК „Трајко Прокопиев“. Активностите опфаќаат набавка, транспорт и монтажа на окапници од гранит, како и ѕидни гранитни елементи, со што просторот ќе добие уреден и модерен изглед, информираше, денеска градоначалникот на општината, Максим Димитриевски.
За реконструкција на овој дел од плоштадот, од општинскиот буџет одвоени се 15, 2 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност. Работите на терен ќе ги изведува компанија од Прилеп.