Република охрид

Пецаков: Остануваме посветени на спроведувањето на препораките на УНЕСКО

Пецаков кој како што вели е првиот градоначалник на Охрид кој остварил средба со Генерален директор на УНЕСКО, посочува дека се сретнал и со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО.

Пецаков: Остануваме посветени на спроведувањето на препораките на УНЕСКО

Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата остануваме целосно посветени на спроведувањето на препораките за заштита на Охридскиот Регион како светско културно и историско наслество заштитено од УНЕСКО. Тоа на својот фејсбук-профил го исткнува градоначалникот Кирил Пецаков, кој е дел од државната делегација што е наоѓа во Париз во седиштето на УНЕСКО каде има средби со надлежните лица во светската организација.

Пецаков кој како што вели е првиот градоначалник на Охрид кој остварил средба со Генерален директор на УНЕСКО, посочува дека се сретнал и со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО.

– Како татко на градот, моја должност е гласот на Охрид да се слушне директно таму каде што се носат одлуките за светското наследство. На средбата јасно ги пренесов нашите позиции дека Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата, остануваме целосно посветени на спроведување на препораките за заштита, дека се работи на долгорочна и одржлива заштита која ќе го зачува статусот на Охридскиот Регион на Листата на УНЕСКО. Ја истакнавме подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија, бидејќи езерото бара заеднички пристап – вели Пецков.

Тој уште нагласува дека Охрид бара лидерство и конкретни дела, како и оти односната посета е само почеток на една нова ера на транспарентна и засилена грижа за Охрид како национално културно и природно богатство.

Најнови вести од Република

To top