Република

Коњановски за Курир: Електроснабдувањето во Битола е нормализирано, снежната покривка е околу 15 сантиметри

Снежната покривка во Битола е околу 15 сантиметри, а градоначалникот вели дека улиците се проодни и нема застој во сообраќајот.

Коњановски за Курир: Електроснабдувањето во Битола е нормализирано, снежната покривка е околу 15 сантиметри

Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во Битола, изјави вечерва за Курир градоначалникот Тони Коњановски.

-Се работеше за испад на трафостаницата Битола 4. Околу 40 минути поголем дел од градот немаше струја, но по брзата интервенција на надлежните екипи снабдувањето со електрична енергија е воспоставено и нормализирано во целиот град, вели Коњановски.

Снежната покривка во Битола е околу 15 сантиметри, а градоначалникот вели дека улиците се проодни и нема застој во сообраќајот.

-Екипите беа излезени на терен и во градот. Во моментов снежни врнежи нема. Се функционира, на коловозите нема снег. Повеќе снег наврна во подпелистерските села, а зимската служба пристапи кон чистење на селата кои се на повисоките места, додава Коњановски кој посочува дека екипите ќе бидат на терен цела вечер.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Од РЦУК Битола претходно информираа дека прекини во снабдувањето со електричната енергија имало и поради снегот кој натежнал на каблите во градот и околината.

To top