Регион

Зголемено присуство на Ковид-19 во Грција

Во периодот од 8 до 14 јули годинава, позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на една седмица претходно.

Зголемено присуство на Ковид-19 во Грција

Тренд на зголемување на заразените, хоспитализираните и починатите од Ковид-19 во Грција е регистриран во изминатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 8 до 14 јули годинава, позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на една седмица претходно.

Хоспитализирани биле 669 лица, зголемување во споредба со просекот во претходните четири седмици што беше 464 пациенти, а на апарати биле приклучени 12 пациенти.

За една седмица од Ковид-19 починале 26 лица, што според ЕОДИ е зголемен број, со оглед на тоа дека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 17.

To top