Регион

Во Софија протест под слоганот „Оставка! Пеевски и Борисов надвор од власта!“

Голем број Бугари вечерва го исполнија „Триаголникот на власта“ на протест под слоганот „Оставка! Пеевски и Борисов надвор од власта“ на протест што го организираа „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“.

Во Софија протест под слоганот „Оставка! Пеевски и Борисов надвор од власта!“

Голем број Бугари вечерва го исполнија „Триаголникот на власта“ на протест под слоганот „Оставка! Пеевски и Борисов надвор од власта“ на протест што го организираа „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“.

Како што јави БТА, граѓаните го исполнија просторот од статуата на „Света Софија“ до зградата на Народното собрание. Луѓе има на плоштадот „Независност“, плоштадот „Атанас Буров“, пред зградата на БНБ. Толпа граѓани го исполниле и булеварот „Цар Ослободител“ и до улицата „Г.С. Раковски“.

На протестот, ПП-ДБ собира и потписи за петиција со која се бара оставка од владата. На собраните на плоштадот им се даваат налепници со Кју-Ар (QR) кодови со повеќе информации за петицијата.

На зградата на Парламентот со ласери се испишуваат слогани: „Оставка“, „Мафијата надвор“, „Кој го нарача ова безобразие?“ и „За фер избори“.

Луѓето носат плакати на кои претседателот на „ДПС-Нов почеток“ Делјан Пеевски држи палка, на чиј врв е главата на министерот за внатрешни работи Даниел Митов. Други плакати го прикажуваат лицето на бугарскиот претседател Румен Радев и натписот: „Кажи за Боташ“.

На видео ѕидовите се прикажани снимки направени со вештачка интелигенција, на кои Делјан Пеевски и Бојко Борисов се прегрнуваат и велат дека се сакаат, како и снимки од Пеевски како го удира Тошко Јорданов од „Има таков народ“ во лицето, додека тој се смее.

Демонстрантите неколку пати скандираа „оставка“. Пејачката Невена Пејкова, прво сама, а потоа заедно со толпата, пееше „кога ќе падне Пеевски, не сакам да бидам долу, за да не падне врз мене“. Потоа демонстрантите повторно ја отпеаја песната со Пејкова.

Подоцна, на сцената се качи и бендот „Ахат“. Демонстрантите ја поздравија песната „Црната овца“ со аплауз и пееја заедно со бендот.

Неколку луѓе се качија на прозорците на првиот кат од зградата на Народното собрание, јави БТА.

Видео од Делјан Пеевски беше пречекано со гласни извици. На протестот се веат бугарски и европски знамиња. Се носат и плакати на кои Делјан Пеевски и Бојко Борисов се зад решетки.

Најнови вести од Регион

To top