Регион белград

ВИДЕО: Специјалци ги носат со лисици на рацете – Снимка од апсењето на осомничените за потонувањето на сплавот „Картел“

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.

ВИДЕО: Специјалци ги носат со лисици на рацете  – Снимка од апсењето на осомничените за потонувањето на сплавот „Картел“

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Белград, УКП, Оддел за истрага за експлозии, пожари и несреќи во соработка со Првото основно јавно обвинителството, привеле четири лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело предизвикување општа опасност.

В.М.(45), А.Е.(42), М.М.(37) и Н.Б.(33) се уапсени и се осомничени дека дозволиле присуство на повеќе од дозволениот број посетители на сплавот „Картел“ во вечерните часови на 23 декември поради што потонал овој угостителски објект.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.

To top