Во трговскиот центар „Космос“ во Солун, Грција, вчера се урна дел од таванот на првиот кат, во делот каде што се сместени рестораните.
Во несреќата е повредена 45-годишна жена, која се здобила со повреди на главата и на вратот. Таа била свесна и со брза помош била пренесена во болницата „Папаниколау“.
На видеото направено само неколку моменти по рушењето на таванот се гледа паднатата конструкција и луѓе кои ѝ помагаат на повредената жена.
Инцидентот се случил во време кога во молот имало голем број луѓе.
Трговскиот центар „Космос“ во Солун е едно од најпосетуваните места за шопинг од Македонците.