Регион

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ПРИСТИГНА ВО СРБИЈА: Силен ветер проследен со прашина, не се гледа прст пред око – на ова место пак НАТРУПА СНЕГ среде пролет! (ВИДЕО)

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ПРИСТИГНА ВО СРБИЈА: Силен ветер проследен со прашина, не се гледа прст пред око – на ова место пак НАТРУПА СНЕГ среде пролет! (ВИДЕО)

Ситуацијата во северозападниот дел на Војводина во моментов е критична. Имало невреме со прашина, изолирана бура со врнежи проследени со грмежи и силен ветер, јавува „hailz_srbija“.

Како што е наведено на социјалните мрежи, силниот изолиран ветер налик на урагани крева прашина и ја намалува видливоста на 0 метри во делови на Војводина.

На видеото кое е снимено од случаен возач, не се гледа прст пред око, а условите се многу отежнати за возење поради прашината.

Во Белград во моментов дува силен ветер, а силно невреме веќе пристигна и во Хрватска. Силен ветер крши гранки, а во Загорје падна снег. Според претпоставките, невремето е се поблиску до Србија, што може да се види на споменатата снимка.

To top