-САД ја ценат можноста да продолжат да работат со идната влада на Србија да се засили демократското владеење и владеењето на правото, да се изврши напредок во регионалната стабилност и да се продолжи со економскиот развој, како и да се забрза прогресот на Србија кон интеграција во ЕУ, изјави синоќа на брифингот Метју Милер, портпарол на Стејт департменотот.
На новинарско прашање дали САД ги земаат предвид поплаките од српската опозиција за неправилности во изборниот процес, Милер укажа дека САД ги разгледуваат прелиминарните наоди и заклучоци на ОБСЕ во врска со тоа.
– ОБСЕ ги објави првичните наоди и заклучоци, тоа не се конечните наоди, и нив ги разгледуваме. Не би коментирал додека трае нивниот преглед, рече Милер.