Регион медиумите да не објавуваат непроверени и неточни информации

Српската полиција со апел во врска со исчезнувањето на малата Данка

Безбедноста и пронаоѓањето на девојчето е апсолутен приоритет кој е над сите други интереси, се нагласува во соопштението.

Српската полиција со апел во врска со исчезнувањето на малата Данка

Министерството за внатрешни работи на Србија, во врска со случајот со исчезнувањето на 2-годишното девојче Данка Илиќ во Бањско поле, апелира до медиумите да не објавуваат непроверени и неточни информации.

На овој начин се загрозуваат истрагата, чија цел е што поскоро да се најде девојчето, соопштуваат утрово од МУП на Србија.

Безбедноста и пронаоѓањето на девојчето е апсолутен приоритет кој е над сите други интереси, се нагласува во соопштението.

Се додава дека припадниците на МУП интензивно работат на пронаоѓање на малата Данка, како и на утврдување на сите факти и околности поврзани со нејзиното исчезнување.

Теми на денот

To top