Амбасадорот на Србија во Мисијата на Обединетите нации (ОН), Немања Стевановиќ поднесе барање од Србија за свикување вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради ситуацијата на Косово.
Седница на Советот за безбедност на ОН се бара поради ситуацијата на Косово и новите тензии предизвикани од одлуката на Приштина за укинување на српскиот динар во плаќањата и трговијата, што Белград го гледа како незаконска одлука и обид за целосно етничко чистење од тие простори.
Како што се наведува во писмото, кое заедно со барањето ќе биде испратено до сите претставници на земјите-членки на ЕУ и институциите на ЕУ и до претседателите и премиерите на земјите-членки на Советот за безбедност на ОН, вклучително и Русија и Кина, „ситуацијата е во остра спротивност со Повелбата на ОН и Резолуцијата 244 и е од таква природа што бара одржување на посебна седница на Советот за безбедност“. (МИА)