Регион Лазаревац

Спасувачка операција во Србија: Извлечен маж по осум часа под урнатини (ВИДЕО)

Инцидентот се случил вчера околу 15 часот, кога при копање на канал за топловод дошло до уривање на земјата. Првично, спасени се три лица, меѓу кои и еден пожарникар.

Спасувачка операција во Србија: Извлечен маж по осум часа под урнатини (ВИДЕО)

Маж, кој осум часа беше затрупан во канал во близина на Лазаревац, Србија, е успешно извлечен жив, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, на социјалните мрежи објави снимка од спасувањето и им се заблагодари на пожарникарите.

„Спасен е Милан Рајковиќ по осум часа. Бескрајна благодарност до пожарникарите-спасители“, напиша Дачиќ.

Инцидентот се случил вчера околу 15 часот, кога при копање на канал за топловод дошло до уривање на земјата. Првично, спасени се три лица, меѓу кои и еден пожарникар.

Во спасувачката операција учествувале 20 пожарникари од единиците во Лазаревац, Кошутњак, Обреновац, Железник и Барајево со шест возила, како и двајца членови на Специјалистичкиот тим за спасување од урнатини. (МИА)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivica Dačić (@ivica.dacic.rs)

To top