Нови вработувања, зголемување на платите, дополнителни средства, подобрување на состојбата во јавното здравство, побараа, меѓу другото, лекарите во грчките болници за време на денешниот протест во Атина, во рамките на нивниот 48-часовен штрајк, јави дописничката на МИА од Атина.
Лекарите организирани од нивниот Синдикат одржаа собир пред Министерството за здравство каде што говореа за нивните барања, а потоа следеше протестен марш низ улиците во Атина до грчкиот Парламент.
Упатија пораки дека нема да се откажат од нивните барања, а за попладево е закажана средба на претставници на синдикатот со министерот за здравство на Грција.
Протестот заврши мирно и беше во рамките на 48-часовниот штрајк на лекарите што започна вчера. (МИА)