Регион ќе трае до 2 февруари

Продолжува белиот штрајк на хрватските судии и обвинители

Судиите и обвинителите бараат усвојување Закон за плата и материјални права на судските службеници, со кој освен моментално понудениот дел од материјалните права, целосно ќе се регулираат платите и другите материјални права на судските службеници, согласно стандардите постигнати во земјите-членки на Европската Унија.

Продолжува белиот штрајк на хрватските судии и обвинители

Судиите и обвинителите во Хрватска продолжуваат со белиот штрајк, кој ќе трае до 2 февруари. За време на штрајкот ќе се работи само на предметите кои би можеле да застарат.

На третиот ден од штрајкот во хрватското правосудство, заменик-претседателката на Здружението на хрватските судии Тијана Кокиќ тврди дека во него учествуваат 90 отсто од судиите.

За разлика од минатогодишниот штрајк на судиите, на овој му се приклучија и обвинителите. Штрајкот, како што е најавено, ќе трае до 2 февруари, а за тоа време ќе се работи само на предмети на кои им се заканува застарување.

„Ни се придружија и судии кои не се членови на Здружението на хрватски судии“, изјави Кокиќ за ХРТ.

Судиите и обвинителите бараат усвојување Закон за плата и материјални права на судските службеници, со кој освен моментално понудениот дел од материјалните права, целосно ќе се регулираат платите и другите материјални права на судските службеници, согласно стандардите постигнати во земјите-членки на Европската Унија.

Кокиќ соопшти дека до утрово немало нови понуди од Владата, ниту покани за разговор. Таа повтори дека вкупно над 90 отсто од судиите се приклучиле на предупредувачките мерки, вклучувајќи ги и оние кои не се членови на Здружението.

Претходно, хрватскиот министер за правда Иван Маленица изјави дека судиите и обвинителите презеле мерки откако го одбиле предлогот на министерството и зголемувањето на нето приходот за 700 евра, со што ја презеле одговорноста за штрајкот, но и за последиците.

To top