Регион Српската полиција соопшти

Приведени 38 лица во синоќешните протести

Тие се товарат за обид за насилна промена на уставното уредување и насилничко однесување.

Приведени 38 лица во синоќешните протести

Началникот на полициската управа на српската полиција, Ивица Ивковиќ денеска изјави дека при синоќешните инциденти и обидот за насилен влез на бунтовници во просториите на Градското собрание, припадници на Министерството за внатрешни работи кривично гонат 38 лица, прибирањето докази продолжува и дека оваа бројка сигурно ќе се зголемува во текот на денот.

Тие се товарат за обид за насилна промена на уставното уредување и насилничко однесување. Тој истакна дека припадниците на Министерството биле крајно воздржани и го издржале нападот цели три часа.

„Употребата на полициските единици била исклучиво во согласност со законот на начин предвиден со модерен полициски закон“, изјави тој за РТС.

Студенти и млади луѓе кои учествуваат на протестите поради, како што тврдат, кражба на изборите на 17 декември, за денеска најавија шестчасовна сообраќајна блокада на две локации во Белград.

Тие ги повикаа граѓаните да се соберат во 11 часот пред Министерството за државна управа и локална самоуправа, од кои бараат да се овозможи проверка на избирачкиот список, јави Бета.

To top