Белградската полиција денеска околу 16 часот добила пријава од основно училиште во Белград дека дете најверојатно паднало низ прозорец, објави Н1.
Десетгодишното дете, како што дознава Н1, паднало од првиот кат на училиштето, од висина од пет метри.
На местото на настанот веднаш пристигнала брза помош и било пренесено во Ургентниот центар.
Се утврдуваат и околностите под кои се случила оваа несреќа.