Регион Косово

Османи: Секое одложување е изгубен ден за Косово

Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска повика на што побрзо конституирање на Собранието и формирање на нова влада, нагласувајќи дека „секое одложување е изгубен ден за Косово, за неговиот народ и за евроатлантската перспектива“.

Османи изрази надеж дека ќе се најде решение „во согласност со Уставот“, откако во вторникот парламентот со 73 гласа го избра Димал Баша од Самоопределување за претседател на Собранието, а за потпретседатели – Алјбулена Хаџиу, Вљора Читаку, Кујтим Шала и Емилија Реџепи.

Меѓутоа, застој настана кај изборот на потпретседател од редовите на српската заедница, каде остануваат кандидати од Српска листа и Самостојната либерална партија, пренесува Бета.

Прашањето предизвика дилеми, бидејќи потпретседателите од малцинствата претходно се избираа во пакет, додека овојпат беа гласани одделно. Некои опозициски пратеници и експерти за уставно право сметаат дека со тоа можеби е прекршен Уставот.

To top