Регион

Османи: САД имаат главна улога во создавањето на косовската држава

-Нашето трајно пријателство со Америка е тестамент на претседателот Ругова, длабоко вкоренето во срцата на сите Албанци, така што, како што посебно се покажа во периодот на градење на државата, американската улога во создавањето на нашата држава е многу е многу евидентна, многу содржајна и недвојбено главна, рече Османи.

Османи: САД имаат главна улога во создавањето на косовската држава

Претседателката на Косово Вјоса Османи изјави дека косовската држава се роди благодарение на поддршката на меѓународните сојузници и пријатели, предводени од Соединетите Американски Држави, за што, како што рече, „долго време работеше архитектот на независноста на Косово, историскиот претседател Др. Ибрахим Ругова“, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната промоција на книгата „Косовскиот час: Независноста и државотворноста“, на поранешниот претседател на Косово, Фатмир Сејдиу, Османи рече дека американската улога во создавањето на косовската држава „е многу евидентна, многу содржајна и недвојбено главна“.

-Нашето трајно пријателство со Америка е тестамент на претседателот Ругова, длабоко вкоренето во срцата на сите Албанци, така што, како што посебно се покажа во периодот на градење на државата, американската улога во создавањето на нашата држава е многу е многу евидентна, многу содржајна и недвојбено главна, рече Османи.

Дебатата за односите меѓу Косово и САД се разгоре откако американскиот помошник државен секретар, Џејмс О’Брајан предупреди дека Вашингтон можеби нема да ја третира неговата влада како партнер.

Заканата беше изречена по решеноста на Владата да ги игнорира меѓународните барања за одлагање на спроведувањето на регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), со која се забранува готовинското плаќање со српскиот динар.

По оваа изјава на О’Брајан, премиерот Албин Курти во средата изјави дека „Косово нема поважен партнер, сојузник и пријател од САД“.

-Република Косово нема поважен партнер, сојузник и пријател од САД, јас за такви ги сметам и соработувам со нив како премиер на Косово. Централната банка на Косово претстави план од 10 точки за спроведување на нејзината регулатива. Ние сме демократска република и Владата не се поставува над независни институции како што е ЦБК, рече Курти.

To top