Регион Две девојчиња и едно момче

Огромна паника во Хрватска: За еден ден исчезнаа три деца

Девојчињата се високи 165 сантиметри, имаат кафена коса и сини очи.

Огромна паника во Хрватска: За еден ден исчезнаа три деца

Две девојчиња исчезнаа вчера, 24 јануари, во Пула. Според Националниот регистар на исчезнати лица, исчезнати се Миа Купрешаковиќ (13) и Тина Купрешаковиќ (15).

Девојчињата се високи 165 сантиметри, имаат кафена коса и сини очи.

„Доколку имате информации за овие лица, ве молиме известете ја најблиската полициска станица или јавете се на 192. Информациите можете да ги доставите и преку е-пошта: [email protected]“, соопшти Националниот регистар на исчезнати лица.

Жељко Гргуриќ, 16-годишно момче исчезна во Загреб.

Според Индекс, Жељко е висок 170 сантиметри, има кафена коса и кафени очи.

Во моментот на неговото исчезнување тој носел црни тренерки, црно-бела маица, црна јакна и бели патики.

Преку Фејсбук, апел за помош во потрагата испратила бабата на 15-годишното момче, која вели дека неодамна бил во Дуги Село со другарка кај негов познаник и дека бил виден каде што наводно влегол во бело комбе, против негова волја.

To top