Регион

Од косовските Срби се бара да го бојкотираат пописот на населението што започна денеска

Партијата на косовските Срби синоќа ги повика граѓаните на бојкот, Српската демократија денеска повикува на одолговлекување на процесот, додека Српска листа се обраќа во името на сите граѓани од српска националност и го известува премиерот на Косово дека ниту тие нема да учествуваат, пишува косовскиот портал на српски јазик „КоССев“ (kossev.info).

Од косовските Срби се бара да го бојкотираат пописот на населението што започна денеска

Откако синоќа тоа го направи Партијата на косовските Срби (ПКС), денеска преостанатите партии на северот на Косово, Српска демократија (СД) и Српска листа (СЛ), соопштија дека нема да учествуваат на пописот на населението што го организира Косовската агенција за Статистика и ги повикаа граѓаните од српска националност истиот да го бојкотираат, јави дописникот на МИА од Приштина.

Партијата на косовските Срби синоќа ги повика граѓаните на бојкот, Српската демократија денеска повикува на одолговлекување на процесот, додека Српска листа се обраќа во името на сите граѓани од српска националност и го известува премиерот на Косово дека ниту тие нема да учествуваат, пишува косовскиот портал на српски јазик „КоССев“ (kossev.info).

Пописот на населението во Косово почна денеска и ќе трае до 17 мај. Според претходните информации, тој ќе се одржува секој ден во неделата, освен во понеделник. Ова е втор попис во Косово од 1999 година, по оној во 2011 година, кој речиси целосно беше бојкотиран од Србите, и од северот и од југот на државата.

Косовските власти во неколку наврати ја повикаа српската заедница да одговори на новиот попис, со цел, како што порача косовскиот премиер неделава од северниот дел на Митровица – да се има точниот број на жители, врз основа на кој ќе можат се градат планови за иднината.

За оние кои нема да се јават на пописот, законски предвидената казна е глоба до 2.000 евра по жител.

Сепак, српските партии на север – се обединети по тоа што не го поддржуваат пописот.

ПКС: Граѓаните да бојкотираат

Првин, синоќа Партијата на косовските Срби (ПКС), партија од Лепосавиќ, предводена од Александар Јаблановиќ, ги повика граѓаните да го бојкотираат пописот.

Од таа партија сметаат дека пописот, како што рекоа, е неприфатлив во овој момент, но и дека се случува во „политички и безбедносно најпредизвикувачкиот и најнеповолниот момент за Србите во Косово“.

ПКС смета дека ова „не е попис на населението“, туку „желба на Аљбин Курти да го провери успехот на неговата репресивна политика кон Србите и да види во бројки колку Срби успеал да протера од 2021 година“.

Српска демократија: Има илјада причини зошто не можеме да го поддржиме пописот

Сериозниот одлив на српскиот народ од Косово, предизвикан од, партијата Српска демократија, „институционалното насилство“ кое косовските Срби „го трпата повеќе од две години“ – е една од многуте причини поради која пописот не е поддржан од партијата од Северна Митровица – на чие чело е Александар Арсенијевиќ.

– Во овие времиња имаме проблем со одлуката на Централната банка на Косово за укинување на платежните трансакции со динари. Имаме сериозен одлив на наши луѓе од Косово поради институционалното насилство кое ние како Срби го трпиме повеќе од две години. Довербата на нашите луѓе во косовските институции не постои. Како народ ни ги одземаат сите овластувања и ги кршат сите заштитни механизми. Конечно, не е време да се учествуваме во пописот, кога длабоко веруваме дека обидот на официјалните власти во Приштина е со измама да нè сведат на бројот на статистички грешки, изјави Арсенијевиќ, додавајќи дека се тоа само неколку од „илјадата причини“ поради кои треба да се бојкотира пописот.

Освен што објавија дека нема да го поддржи пописот, Српска демократија повика тој да се одложи за „некои подобри и понормални времиња“.

Српска листа: Список за одложување за „некои подобри и понормални времиња“

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, денеска од името на српскиот народ во Косово му прача на Курти дека Србите нема да учествуваат на пописот на населението.

– Почитувани граѓани, имајќи ја предвид повеќегодишната репресија на режимот на Албин Курти врз нашиот народ на Косово и Метохија, со цел етничко чистење на се што е српско од овие простори, сакаме јасно да му порачаме на Албин Курти и на оние кои го поддржуваат дека српскиот народ нема да учествува на претстојниот лажен попис во негова организација, со кој сака да го потврди својот срамен успех во протерувањето на Србите, вели СЛ.

Од таа партија сметаат дека учеството во процесите организирани од Курти, како што велат, би било најголемо понижување за српскиот народ, додека истиот Курти „му го ускратува правото на пензии, плати, го спречува нормалното функционирање на здравствената и социјалната помош, укинува право на глас, апси и прогонува Срби, насилно окупирање на општините, милитаризирање на северот на Косово и Метохија…“.

Покрај тоа, СЛ смета дека преку пописниот процес, односно потврдата дека ќе ја вклучи и статистиката за штетите од војната – Курти сака дополнително да ја нападне Србија.

– И тоа дополнително го одвраќа секој Србин од тоа да биде дел од овој процес, вели С.Л.

По повеќе од две години одложување, во Косово денеска започна пописот на населението, домаќинствата и становите/куќите, вклучително и на северот на земјата. Процесот ќе трае шест недели, односно до 17 мај годинава, додека прелиминарните резултати се очекува да бидат објавени во рок од три месеци.

To top