Регион Страшни прогнози

„Не можам да го изговорам тоа што мислам дека го направија со телото на Данка“: Висок полициски функционер се сомнева во уште помонструозно дело

Мајорот истакнува дека сака што поскоро да се најде телото на убиената Данка Илиќ, за родителите да го погребаат своето дете.

„Не можам да го изговорам тоа што мислам дека го направија со телото на Данка“: Висок полициски функционер се сомнева во уште помонструозно дело

Малата Данка Илиќ беше убиена пред точно две недели во населбата Бањско Поље. Осомничените за грозоморното злосторство беа уапсени минатиот четврток. Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, работници на ЈКП „Водовод“ од Бор, во полиција го признале убиството на детето и детално раскажале како направиле се. Но, во Вишото јавно обвинителство во Зајечар одбрана дал само Дејан, а Срѓан се бранеше молчејќи.

Во петокот, полицијата ги уапси и таткото и братот на Дејан под сомнение дека помагале во отстранување на доказите, односно за телото на малото девојче. Братот на Дејан почина во полициски притвор во Бор. Вчера била извршена обдукција на неговото тело, со која било утврдено дека се работи за природна смрт. Тој ќе биде погребан во четврток.

Таткото на Дејан во неделата не сакаше да ја изнесе својата одбрана во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Нему му е одреден притвор до 30 дена.

И експертите се во шок од сите грозоморни настани во овој случај. Се даваат претпоставки и се изнесуваат можни сценарија, додека интензивно се трага по телото. Најновата изјава на

-Не можам да го изговорам тоа што мислам дека го направија со телото, изјави полицискиот мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ, која гостуваше на ТВ Блиц.

Иако осомничените целосно го признале делото што го направиле, една работа останува мистерија – каде и како е сокриено телото на Данка. Полицијата денеска продолжува да ги пребарува сите локации каде би можело да биде телото на убиеното девојче, а полицискиот мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ посочува дека постојат повеќе верзии, поради што осомничените не сакаат да откријат каде е телото.

-Можеби дознале, се распрашале што носи тоа тело, имаат страв од сето тоа и дека навистина во овој момент не знаат каде е, дека неколку пати било преместено. А, исто така, може да направиле нешто уште помонструозно со телото на детето. Како мајка, тешко ми е да кажам што мислам дека направиле. Не можам ни да изговорам што мислам дека направија,  изјави Отовиќ Пјановиќ.

Мајорот истакнува дека сака што поскоро да се најде телото на убиената Данка Илиќ, за родителите да го погребаат своето дете.

Таа посочи и дека осомничените можат да одговараат за тешко убиство иако нема тело и дека се собрани доволно материјални докази.

To top