Регион Шок изјава

„Моите деца не се виновни за ништо“: Се огласи мајката на убиецот на малата Данка

Мајката на Дејан, Светлана Драгијевиќ, не верува дека нејзиното семејство е виновно за страшно злосторство.

„Моите деца не се виновни за ништо“: Се огласи мајката на убиецот на малата Данка

Светлана Драгијевиќ, мајката на убиецот на Данка Илиќ, даде изјава за медиумите и ги остави сите без зборови.

Освен Дејан, кој е осомничен дека го задавил девојчето со раце, уапсени беа и неговиот брат и татко Далибор (40) и Раде (73) поради сомнение дека му помогнале на Дејан да го премести телото. Далибор почина додека беше во притвор.

Исто така, Срѓан е уапсен истиот ден со Дејан под сомнение дека со автомобил го прегазил малото девојче, а потоа го ставил на задното седиште иако било живо.

Мајката на Дејан, Светлана Драгијевиќ, не верува дека нејзиното семејство е виновно за страшно злосторство.

-Моите деца не се виновни за ништо. Не знам што се случува. Инспекторите ми се секој ден дома и ништо не кажуваат. Тие утрово биле таму и му го зеле оделото на Раде. Ништо не ми кажуваа… ниту кога ќе можам да го погребам син ми, вели Светлана за Ало.

To top