Регион Грција

Мицотакис: Ќе ги искористиме сите мерки за да спречиме новата мигрантска рута од Либија да стане трајна

Ќе ги искористиме сите мерки што ни се на располагање и како Грција, но и како Европа, односно да го кажам тоа малку понародски „и морковот и стапот“, со цел да се осигураме дека оваа нова рута нема да стане трајна, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот на ЕУ, говорејќи за зголемите мигрантски бранови од Либија до Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер го оцени позитивно тоа што Европската Комисија ја препознала опасноста конкретната ситуација да се консолидира и затоа „се чини дека е подготвена да преземе мерки“.

Потсети дека на почетокот на следниот месец комесарот за миграција ќе ја посети Либија заедно со министрите од Грција, Италија и Малта „со цел да ја пренесе пораката дека оваа практика не може да продолжи“.

– Значаен дел од оние што ја користат оваа рута се египетски државјани. Тие треба веднаш да се вратат во Египет и ова треба да биде заедничка европска политика. И мислам дека пораката ќе биде пренесена и до Египет, да ги прифати враќањата на своите граѓани кои на крајот завршуваат во Европа без да имаат право на азил, бидејќи Египет се смета за безбедна земја, порача Мицотакис.

За ситуацијата на Блискиот Исток, рече дека верува во дипломатијата и ја изрази потребата инволвираните страни да преговараат за иднината на нуклеарната програма на Иран, но во насока што „ќе обезбеди дека Иран никогаш нема да стекне нуклеарно оружје“.

To top