Регион Париз

Макрон: Прашањето за Косово е залог за иднина на регионот

Тој додаде дека е неопходно да се надминат непотребните претензии произлезени од неодамнешните одлуки на Приштина во финансиските трансфери и дека ќе се обиде наскоро да се организираат избори на северот на Косово и да се изберат нови легитимни градоначалници.

Макрон: Прашањето за Косово е залог за иднина на регионот

Францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на тет-а-тет средбата со српскиот претседател Александар Вуќиќ во Париз изјави дека „прашањето за Косово е ветување и залог за иднината на регионот“ и дека сето тоа е содржано во договорот што беше склучен пред една година, на кој се обврзаа двете страни, а Вучиќ посочи дека „Приштина не направила ништо и дека не исполнила ниту една точка ни од Охридскиот, ниту од Бриселски договор“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Секоја страна мора да придонесе за патот и во таа смисла сакам да го поздравам гестот направен од двете страни, но сега треба да одиме уште подалеку. Знам дека сте подготвени и вие тоа го повторивте за време на нашиот заеднички разговор во Брисел. За мене тој пат е неопходен. Потребно е, од една страна, одговорните за нападот во Бањска минатата есен да бидат изведени пред судовите за да одговараат за своите постапки. Треба се да направите се за да не се повтори таква драма, рече Макрон.

Тој додаде дека е неопходно да се надминат непотребните претензии произлезени од неодамнешните одлуки на Приштина во финансиските трансфери и дека ќе се обиде наскоро да се организираат избори на северот на Косово и да се изберат нови легитимни градоначалници.

Вучиќ рече дека мора да реагира на изјавата на претседателот Макрон дека двете страни направиле нешто, мислејќи на Белград и Приштина, укажувајќи на се она што Приштина не исполнила, а на што се обврзала.

-Велите дека двете страни направиле нешто, и да не го спомнавте, никогаш немаше да зборувам. Двете страни не направија исто, едната не направи ништо. Едната страна не исполни ниту една точка, ниту од Охридскиот, ниту од првиот и вториот Бриселски договор, одржа избори со излезност од 3,4 отсто. Потоа вие ни кажавте и јас послушав потпишете ја петицијата, доволно е за да се распишат изборите. Тие и после тоа не ни даваат избори, вршат експропријација на северот на Косово и тука ги носат своите полицајци и војници, иако немаат право, истакна Вучиќ.

Тој додаде дека „во однос на Охридскиот договор, Србија веќе исполнила три работи, иако не мораше да направи ниту една. Имаше договор и сите разговаравме дека пред сè мора да се исполни Заедницата на српски општини, која не е поместена од мртва точка, а Србија исполни од лични карти, таблички, т.н царински печати … сето тоа го исполни.

На заедничката прес-конференција Макрон рече дека Србија мора да знае дека нејзината иднина е во ЕУ.

– Иднината на Европа се гради во моменти кои се многу предизвикувачки за човечкиот род, не треба да се сомневате во намерата на Европа да ве земе под своја закрила, рече Макрон, додавајќи дека е „сигурен дека Србија може да игра стратешка улога“. (МИА)

To top