Регион „Русија и албанскиот режим го апсат лидерот на опозицијата“

Куќен притвор и полициски надзор за шефот на албанската опозиција: Рама не коментира одлуки за лица „нон грата“, Шеху ја спореди Албанија со Русија

По одлуката на Специјалниот суд против организиран криминал и корупција за Сали Бериша, за домашен притвор, 24 – часовен полициски надзор и забрана за комуникација со други лица, освен со оние со кои живее во станот, стигнаа и првите реакции.

Куќен притвор и полициски надзор за шефот на албанската опозиција: Рама не коментира одлуки за лица „нон грата“, Шеху ја спореди Албанија со Русија

Албанскиот премиер Еди Рама, на големиот интерес на новинарите околу ова прашање рече дека „не сака да коментира за лица кои се прогласени за нон грата од Соединетите американски држави“.

-Немам никаков коментар за нон грата, бидејќи не се занимавам со некој што е прогласен за нон грата од САД, тоа го кажав и порано, рече тој, охрабрувајќи ги правосудните органи да го „казнат секое лице вмешано во незаконски активности“.

Американскиот Стејт департмент, Бериша го прогласи за непожелна личност во мај 2021 година, поради вмешаност во корупција, додека во јули следната година тоа го направија и британските власти.

Познатиот универзитетски професор, поранешен министер за здравство и актуелен пратеник, демократот Тритан Шеху, во објавата на социјалните мрежи ја спореди Албанија со Русија, наведувајќи дека се на исто ниво на демократија.

-Русија и Албанија, исто ниво на „демократија“! Русија и албанскиот режим го апсат лидерот на опозицијата. Бараат да го изолираат лидерот на опозицијата. А во Албанија, уште полошо, без никаква конечна одлука, макар и формална! Само со обвинувања, кои всушност не се обвинувања, се само претпоставки. Со ова Албанија се подредува со светските режими каде што се бара власта да се одржува со репресивни методи, обвинува Шеху.

Поред него, онаму каде што не се почитуваат законите на државата, и самиот Устав, за европски права не ни станува збор а „таквата состојба не може и нема да трае бесконечно“.

На одлуката на судот иронично реагираше и синот на Бериша, Шкелзен Бериша.

-Новогодишна честитка на Рама е апсење и изолација на лидерот на опозицијата, напиша тој на социјалните мрежи.

Теми на денот

To top