Регион Косово

Харадинај за динарот: Импровизации на владата на Курти, Србија создава предност

– Не е нешто ново, за жал, тоа се главно импровизации на владата, значи не се нешто сериозно и не го носат потребниот резултат. Така што, гледате дека имаме огорченост, кажано со народен јазик, од сите наши сојузници кон Косово, токму поради таквите постапки на владата, изјави Харадинај.

Харадинај за динарот: Импровизации на владата на Курти, Србија создава предност

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, поранешниот премиер Рамуш Харадинај, разговорите меѓу Косово и Србија во Брисел за прашањето за српскиот динар ги нарече „импровизации на владата“ на Албин Курти што се штетни за Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за порталот „Економија онлајн“ (ekonomiaonline.com), Хардинај вели дека поради таквите постапки на Курти, косовските сојузници се огорчени и дека одложувањата во решавањето на прашањето на забраната за користење на српската валута во Косово, оди во прилог на Србија.

– Не е нешто ново, за жал, тоа се главно импровизации на владата, значи не се нешто сериозно и не го носат потребниот резултат. Така што, гледате дека имаме огорченост, кажано со народен јазик, од сите наши сојузници кон Косово, токму поради таквите постапки на владата, изјави Харадинај.

Поранешниот премиер вели дека Косово треба да се фокусира на спроведувањето на француско-германскиот план за постигнување договор меѓу Приштина и Белград, додека одолговлекувањето на решавањето на прашањето на динарот ѝ дава предност на Србија.

– Сметам дека треба да се фокусираме на главната тема, а тоа е имплементацијата на договорот, познат како француско-германски план, се разбира со обврските кои се преземени. Бидејќи, доколку ги спроведеме овие обврски од Советот на Европа и од кандидатурата за членство во ЕУ и во НАТО, стагнацијата во прашањето за динарот е прашање кое нè уназадува и секако создава предност за Србија. Реално Србија ги користи овие против Косово, рече Харадинај.

Главниот преговарач на Косово во дијалогот со Србија, вицепремиерот Бесник Бислими, по последната рунда преговори вчера во Брисел за прашањето на користењето на српскиот динар во Косово, изјави дека Приштина се согласува со предлогот на емисарот на ЕУ, Мирослав Лајчак, додека Србија не е подготвена за компромис и побарала дополнително време. Бислими не кажа за каков предлог се работи. (МИА)

To top