Регион грција една изборна единица

Грција ќе воведе поштенско гласање за европските избори

Воведуваме, за секој што сака, во и вон Грција, поштенско гласање. Тоа е нешто што е усвоено во повеќето држави и мислам дека дојде време да важи и кај нас, соопшти грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција ќе воведе поштенско гласање за европските избори

Мицотакис истакна дека станува збор за „храбра реформа“, изборниот процес суштински се збогатува, а можноста за гласање по пошта е најсилниот одговор за малата излезност на граѓанте на изборте.

-Ова е навистина вистински напредок, тоа е големо демократско достигнување. Се однесува на многу категории Грци и Гркинки на кои физичкото присуство на гласачките места не им е лесно: стари лица, болни, лица со посебни потреби, млади луѓе кои работат сезонски, работници на денот на изборите, па дури и студенти или ученици кои го завршуваат средното образование кои можеби имаат испити и други приоритети. Сите овие, доколку го одберат тоа, ќе можат да гласаат по пошта без патување и без непријатности, истакна Мицотакис.

Паралелно ја остави отворена можноста поштенското гласање да се воведе и на следните парламентарни избри.

Втората новина што грчкиот премиер ја соопшти на владината седница, а исто така поврзана со евроизборите е дека целата земја ќе биде една изборна единица.

To top