Регион ССП

Ѓилас: Кои подобрени изборни услови кога Додик и Стевандиќ гласаа во Белград?

-Затоа мора да се бориме за изборни услови. Само со изборни услови кои ќе им овозможат на граѓаните слободно да ја изразат својата волја, слободни медиуми и организиран избирачки список е можно да се направат промени. И гарантирам дека во таква ситуација СНС ќе добиеше половина од освоените 1.800.000 пред шест месеци, кажа Ѓилас.

Ѓилас: Кои подобрени изборни услови кога Додик и Стевандиќ гласаа во Белград?

Лидерот на опозициската Партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, изјави дека условите за изборите воопшто не се подобрени во однос на декември, а за тоа говори и фактот што во Белград гласаа претседателот на Република Српска, Милорад Додик и претседателот на Собранието на Република Српска, Ненад Стевандиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој нагласи дека е докажано оти „опозицијата можеби и може да добие мнозинство гласови, како што беше случајот во Белград на 17 декември или сега во Ниш, но не може да има власт, бидејќи Српската напредна странка (СНС) не ја дава таа власт”.

-Затоа мора да се бориме за изборни услови. Само со изборни услови кои ќе им овозможат на граѓаните слободно да ја изразат својата волја, слободни медиуми и организиран избирачки список е можно да се направат промени. И гарантирам дека во таква ситуација СНС ќе добиеше половина од освоените 1.800.000 пред шест месеци, кажа Ѓилас.

Тој нагласи дека со закон мора да се регулира и системот на капиларни гласови, бидејќи тоа е класичен притисок и купување на гласачи.

-Капиларните гласови се начин да се легализира притисокот на гласачите и купувањето гласови. Оној за пакет, оној под притисок, оној за вработување. Тоа мора да престане. Избирачкиот список мора да се среди, а не да имаме ситуација кога претседателот на Република Српска Милорад Додик и претседателот на Собранието на Република Српска Ненад Стевандиќ гласаат во Белград на локални избори, заклучи Ѓилас.  (МИА)

To top