Известувачката за Косово во Европскиот парламент, европратеничката Виола фон Крамон, ја повика Србија веднаш да ги ослободи граѓаните на Косово од граничните премини на Србија, објавија медиумите во Приштина.
Фон Крамон преку платформата „Х“ му порача на Белград „да престане да се срами себеси“ и да обезбеди слободно движење на луѓето.
– Србија да престане да се срами себеси и веднаш да ги ослободи носителите на косовски пасоши и лични карти да ја преминат српско-хрватската граница во Батровц. Слободата на движење мора да биде обезбедена за сите, без дискриминација по национална основа, напиша Фон Крамон.
Стотици Косовци се задржани во неутралните зони на граничните премини на Србија со други земји. Одземени им се документите за идентификација и се оставени во неутрални зони од пред повеќе од 15 часа.
Serbia should stop embarrassing itself and immediately let Kosovo 🇽🇰 ID/passport holders pass the Batrovci 🇷🇸 – 🇭🇷 border!
Freedom of movement of all must be ensured, with no discrimination based on nationality. https://t.co/Fd4CJei7Xn
— Viola von Cramon 🇺🇦🇪🇺🇮🇱 (@ViolavonCramon) April 17, 2024