Регион испратени по мејл и на 112

Евакуирани училишта во Бугарија, голем број дојави на бомби

Станува збор дојави примени во образовни институции во Стара Загора, Враца, Варна, Перник и Софија. Полицијата веднаш реагирала со испраќање тимови за проверки.

Евакуирани училишта во Бугарија, голем број дојави на бомби

Голем број дојави има за поставени бомби во училишта во повеќе градови во Бугарија, јавија бугарските медиуми.

Дојавите се испратени по мејл и на телефонот за реакција на итни случаи (112), изјавија од МВР на Бугарија за ТВ Нова.

Станува збор дојави примени во образовни институции во Стара Загора, Враца, Варна, Перник и Софија. Полицијата веднаш реагирала со испраќање тимови за проверки.

Учениците се изнесени од училиштата.

To top