Регион Истрагата е во тек

Детали за ужасот кој го вознемири Балканот: Не можел да се соочи со болеста на синот, па го убил – само ќерката преживеа од цело семејство

Подгоричката полиција се уште дежура пред зградата во која синоќа се случи грозоморно семејно злосторство.

Детали за ужасот кој го вознемири Балканот: Не можел да се соочи со болеста на синот, па го убил – само ќерката преживеа од цело семејство

Полицаецот во пензија Марко Дробњак синоќа во Подгорица ги убил 12-годишниот син и сопругата, а ќерката, како што се дознава, успеала да побегне низ прозорецот и така била спасена.

Како што се претпоставува, Дробњак се решил на овој чекор бидејќи не можел да се справи со болеста на својот син.

Марко Дробљак пред неколку години беше дури и награден затоа што бил ранет додека се обидувал да спречи крадец да ограби жена на сред улица. Тогаш разбојникот го нападнал и го ранил со нож.

Потсетуваме, во населбата Толоши во Подгорица, половина час по полноќ се случи страотно злосторство кога поранешниот полицаец М.Д.(51) ја убил сопругата В.Д.(49) и нивниот малолетен син М.Д.(12).

Како што се дознава, на ужасното злосторство посведочила ќерката на убиецот и жртвата, како и сестрата на момчето, која успеала да побегне низ прозорецот.

-Синоќа се слушна врева од нивниот стан, а набрзо слушнаа и пукање. Отпрвин не знаевме дека се случило злосторство, иако се чинеше дека сè укажува на тоа. Шокирани сме што тоа го направи М.Д, кутрите, изјави за српски Курир сосед на ова семејство.

-Расправијата беше жестока, а најмногу се слушаа гласовите на родителите, а понекогаш и гласот на децата. Во еден момент М.Д земал оружје и почнал да ги убива членовите на неговото семејство, а неговата ќерка кога видела како татко и ги убил нејзините мајка и брат, наводно скокнала низ прозорецот и така успеала да се спаси.

Таа се повредила при скокот, но успеала да побегне и да повика помош.

-Кутрото дете… Гледала како татко и ги убива мајката и братот. М.Д. потоа се самоуби, вели соговорникот.

Подгоричката полиција се уште дежура пред зградата во која синоќа се случи грозоморно семејно злосторство. Истрагата е во тек и ќе се утврдат сите детали за делото.

To top