Регион УСТАВНА ДРАМА В.С. РАМА

Албанскиот уставен суд контра одлуката на Рама за ЗАБРАНА НА ТИКТОК

„Владата не ги испитала доволно последиците од спроведувањето на забраната и не докажала убедливо дека општото блокирање на платформата претставува единствено ефикасно и неопходно средство за постигнување на предвидената цел“, се наведува во пресудата.

Албанскиот уставен суд контра одлуката на Рама за ЗАБРАНА НА ТИКТОК

Уставниот суд на Албанија пресуди дека едногодишната забрана на ТикТок од страна на владата е неуставна и ја нарушувала загарантираните слобода на печатот и слобода на изразување.

„Владата не ги испитала доволно последиците од спроведувањето на забраната и не докажала убедливо дека општото блокирање на платформата претставува единствено ефикасно и неопходно средство за постигнување на предвидената цел“, се наведува во пресудата.

Владата на Еди Рама лани го забрани ТикТок по трагичната смрт на тинејџер кој бил малтретирање преку платформата. Забраната за пристап заврши на 5 февруари, откако платформата во кинеска сопственост вградила нови „безбедносни механизми“.

Блокадата на Тикток ја оспорија Здружението на новинари на Албанија и Балканската мрежа за истражувачко новинарство. Опозициските партии ја обвинија владата дека се обидува да ги замолчи со тоа што ја забрани платформата неколку недели пред парламентарните избори минатата година, што владата го негира.

Најнови вести од Регион

To top