Според полициската статистика најголем дел од запленетите средства се евра (два милиони), додека останатите се други валути, долари, британски фунти и швајцарски франци.
Од контролите е докажано дека премини каде што поминале најмногу непријавени пари е меѓународниот аеродром во Тирана и пристаништето Драч.
-Како сторители на ова кривично дело полицијата идентификувала 86 лица, од кои осум се уапсени, а останатите се бранат од слобода. Споредено со истиот период минатата година, нивниот број е речиси двојно поголем. Речиси во сите случаи, само возачите на возилата, каде што се кријат парите, завршуваат со лисици, а истрагата не може да стигне до лицата кои ги поседувале овие пари. Во сите случаи, истражителите се сомневаат дека парите потекнуваат од криминални активности во странство и се наменети да се инвестираат во Албанија, наведува телевизијата.
Последен ваков случај е регистриран пред два дена на граничниот премин Морина, на албанско-косовската граница, кога се запленети 50 илјади евра.
Најголем износ на заплена е реистран пред три години, кога во автомобил „тојота“ во простаништето Драч беа откриени 1,5 милиони евра.