Регион штрајк

Адвокатите во Атина го продолжија штрајкот до 8 декември

Минатиот петок, претседателите на адвокатските комори од цела Грција одржаа состанок и одлучија да предложат целосно отсуство од вршењето на должностите, со исклучок на одредени случаи и судски процеси.

Адвокатите во Атина го продолжија штрајкот до 8 декември

Поради новиот закон на грчката Влада во однос на даноците и новите начини на оданочување, адвокатите во Атина одлучија да го продолжат нивниот штрајк и нивните должности да не ги извршуваат до следниот петок 8 декември, јави дописничката на МИА од Атина.

Штрајкот започна во понеделникот, првично беше одлучено да трае една седмица, меѓутоа на вчерашниот состанок Адвокатската комора од Атина реши да го продолжи.

Минатиот петок, претседателите на адвокатските комори од цела Грција одржаа состанок и одлучија да предложат целосно отсуство од вршењето на должностите, со исклучок на одредени случаи и судски процеси.

Паралелно, испратија допис до грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во кое ги изразуваат нивните несогласувања со предлог-законот и бараат средба со него, за како што велат, детално да го информираат за проблемите што би ги создал новиот даночен систем што Владата сака да го воведе.

Пишуваат дека предуслов во борбата против даночното затајување е „суштински дијалог меѓу сите субјекти, со цел праведен даночен систем, кој ќе ги земе предвид реалните услови на развој на грчката економија и особеностите на секоја професија“.

Теми на денот

To top