Вести нус-ефекти од кнтаминираните париски бироа

Последици на БЕЛОТО: Уловиле криминален октопод, а ВМРО ги урива СДС затоа што почнал да им се дига, рејтингот

Последици на БЕЛОТО: Уловиле криминален октопод, а ВМРО ги урива СДС затоа што почнал да им се дига, рејтингот

Нова прес-конференција, нова политичка бурлеска од СДС. Можеби самите и не конзумираат од направијата, ама очигледно бироата по кои некој некогаш шмркал како правосмуклака, едноставно зрачат, премногу се контаминирани. Совет, направете смена на инвентарот. На таа пара, украдена во 7-те години владеење, тоа би требало да претставува најмал проблем. Еве, што денеска Шмрчко и компанија и напишаа на Богданка, која со сиот ум истото и го прочита.

„ Последните анкети покажуваат дека власта има голем пад на поддршката а има раст на рејтингот на СДСМ. Ние нема да дозволиме да се руши СДСМ. Овие очајнички обиди на ВМРО нема да успеат. СДСМ има нова сила – нова енергија. СДСМ за секој еден криминал на власта која бесрамно краде од граѓаните ќе продолжи да ја објавува вистината и со вистината ќе се бори против оваа криминална власт. Посилни од кога било му дадовме ветување на ВМРО: сите ќе одговараат!“ свика таа луто од партиската говорница. По неа настапи Шмрчко. Венко не можел да се оправи по вчерашниот прес и трудот вложен во протестите на ССМ/СДСМ.

Сума-сумарум, прикаската оди вака: Дечките кои не би уловиле нешто, па и очи да им боде, да ти уловиле имагинарен криминален октопод. Инсинуациите се премногу инфантилни и мизерни и за деца во прво одд, ама тоа е тоа. Второ, ВМРО-ДПМНЕ ги урива „внатрешно“ затоа што (веројатно нус-ефект на белото) на СДС така апансас почнал да им се дига, рејтингот.

Можеби сето тоа аудира на политичка импотентност, но фер е вие да заклучите самите. Затоа што, како што велат самите СДС (единствена вистина која ја кажаа во денешните соопштенија) денеска:

Граѓаните не се ниту слепи ниту глуви.“

Сосема точно.

И ќорава кокошка ќе клукне некое зрно.

Останува уште да престанете да ја навредувате нивната интелигеција со вакви инфантилни наративи, бедни инсинуации и ултра-мизерни контексти…

Најнови вести од Вести

To top