Вести

ОН ги повикаа талибанците да го вратат пристапот до интернет и телекомуникациите

Обединетите нации денеска ја повикаа владата на Талибанците веднаш да го врати пристапот до интернет и телекомуникации низ целиот Авганистан, 24 часа откако беше прекинат.

– Прекинот речиси целосно го изолираше Авганистан од остатокот од светот и ризикува да предизвика значителна штета на авганистанскиот народ, вклучително и поткопување на економската стабилност и влошување на една од најлошите хуманитарни кризи во светот, соопшти Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (УНАМА).

Услугите за интернет и мобилни телефони се прекинати во Авганистан, објавија жителите и групите за следење денеска, но администрацијата на Талибанците не понуди објаснување.

Талибанците претходно изразија загриженост за онлајн порнографијата, а властите ги прекинаа оптичките врски до некои провинции во последните недели, наведувајќи „загриженост за моралот“.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

НетБлокс (NetBlocks), меѓународна организација што го следи пристапот до интернет, соопшти дека интернетот се исклучува во фази.

-Авганистан е во процес на целосно исклучување на интернетот, бидејќи талибанските власти преземаат мерки насочени кон зачувување на моралот, објави НетБлокс на својата веб-страница.

Најнови вести од Вести

To top