Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година, информираат од МЗШВ.
-Исплатата ќе се изврши кон 194 лица во вкупен износ од 8.274.180,00 денари.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.8. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година и оствареното производство на слива го имаат продадено кај регистрирани откупувачи во период од 20 август 2024 година до 30 септември 2024 година по цена не повисока од 9,90 денари по килограм, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
Максимална количина на слива која е прифатлива за финансиска поддршка е 17.000 кг по пријавен хектар со слива по подмерка 1.8. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржувањена постоечки овошни насади“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Висината на финансиската поддршка изнесува 5 денари по килограм.
Во текот на денот исто така ќе се исплатат средства од Програмата за земјоделство за 2023 година Подрачје со ограничени можности.
Со финансиска поддршка од 86.736.366,00 денари се поддржани 8.735 земјоделци кои вршат земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство преку мерката 9 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година.
Секој еден земјоделец е важен за Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.