Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, кој е носител на листа во ИЕ 2, денес се во посета на општина Бутел.
Таму посетија неколку свети храмови, имаа средби со граѓани, а утрово беа и на велигденска литургија.
„Го посетивме преубавиот манастир “Св. Никола” во село Љубанци!
Заедно со народот на големиот христијански празник. За здравје, мир и спокој на сите граѓани“, напиша Мисајловски.